Канада ги прошири санкциите против руски официјални лица

од Vladimir Zorba
72 прегледи

 

Канадската Влада го прошири списокот со санкции против руски пратеници и државни службеници, кој вклучува уште 15 лица, меѓу кои и шестмина пратеници од Крим, соопшти Министерството за надворешни работи во Отава.sankcii-rusija

Министерството соопшти дека мерките се неопходни со цел „да се изврши притисок врз Русија, бидејќи таа не ги почитува обврските во однос на Украина“. Освен тоа санкциите се воведуваат и како одговор на изборите од 18 септември за пратеници во Државната дума на Крим, кои Канада ги смета за нелегитимни.

Со санкциите финансиските сметки на овие лица во Канада ќе бидат замрзнати, а ќе им биде забранет и влез на канадска територија.

– Проширувањето на списокот со санкции е непријателски потег, за кој ќе следи соодветна реакција, истакна портпаролот на руската амбасада во Отава, Кирил Калинин.