За Cruise 2016, британската модна куќа Jimmy Choo создадоа посебна капсулна колекција која се прилагодува према личните преференции на својот сопственик.
Со наближувањето на празничната сезона на крајот на годината, британската модна куќа им дава можност на сите свои фанови да бидат посебни.
Линијата вклучува рамни чевли, такви на високи штикли, чанти и клучеви кои можете да ги промените по ваш вкус.
Од бисерни брошеви и цветни копчиња до кристали, помпони и Swarovski, разновидноста, со што ќе ја изразат својата индивидуалност, е навистина огромна.
Интересно е дека колекцијата е веќе достапна, што е особено итар потег имајќи ги предвид претстојните празници, за кои бараме додатоци и облека однапред.
Сите чевли можете да ги разгледате подетално во нашата галерија.
Вие дали би искористиле слична услуга?