(ВИДЕО) Се проблематизира изборот на претседател на Кривичен

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Бидејќи не било спроведено вонредно оценување на судии и претседатели на Судови во повеќе градови, треба да се поништи огласот за избор на претседател на Основниот суд Скопје 1, информира 24Вести.

148288

Ова е дел од иницијативата за поништување на изборот поднесена од судијата Владимир Туфегџиќ. Судијата додава дека доколку Судскиот совет нe ја стави неговата иницијатива на расправа, тогаш Туфегџиќ ќе се повлече од трката за претседател на судот.

„Ќе се повлечам од принципиелни причини бидејќи е нарушен принципот на еднаквост и рамноправност и сум доведен во нерамноправна положба со избраните кандидати за судии и претседатели на судови во втората половина на 2016 година за кои не е спроведена постапка за вонредно оценување“, вели Владимир Туфегџиќ, кандидат за претседател на Кривичниот суд.

Претседателот на Судскиот совет, Жарко Караџоски пак вели дека во моментов нема став за иницијативата на Туфегџиќ, и додава дека сега не може да каже кога советот оваа точка ќе ја стави на дневен ред.

Претседателот на Судот, Панчевски вели дека според него нема потреба да се поништи конкурсот за избор на претседател на Судот.

Целиот текст можете да го прочитате тука