(ФОТО+ВИДЕО) Пирели го претстави новиот календар со холивудски ѕвезди без фотошоп

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Компанијата “Пирели” го претстави својот нов календар за 2017 година, во кој учествува плејада од холивудските ѕвезди.5183618 Различнотото оваа година е дека кадрите со познатите дами не се обработени со фотошоп. Елегантните црно-бели фотографии се снимени од познатиот моден фотограф Петер Линдберг.

Тој снима некои од ѕвездите без шминка, нарекувајќи ги сите фотосесии како “крик против теророт на совршенството и младоста”.5183619

Робин Рајт во кадар од календарот.

Меѓу ѕвездите кои оваа година ќе ги красат страниците на календарот, се Хелен Мирен, Кејт Винслет, Пенелопе Круз, Никол Кидман, Џулијан Мур, Лупита Нионго, Леа Седу, Ума Турман, Шарлот Рамплинг и други. 5183620Џулијан Мур исто така е една од ѕвездите на календарот на Пирели.

“Нема убавина без вистина. Целото ова претворање на човек во нешто што не е, не може да биде убаво. Едноставно е смешно “, рече Линдберг за разбирањето на убавината и нејзиното претставување. Оваа година фотографот не се фокусира врз телата – што беше карактеристично за календарите на “Пирели” во минатото, туку на лицата.

“Она што е поважно од голите делови на телото, е тоа човек да се покаже навистина таков каков што е”, додаде тој.5183621 Никол Кидман позираше за календарот.

Меѓу 15-те модели на овогодинешниот календар има ѕвезди на возраст од 28 до 71 година.

Сите фотографии видете ги во галеријата:

Видеото од снимањето на календарот можете да го погледнете тука: