Како примитивецот го корумпира општеството?

од Vladimir Zorba
143 прегледи

СЛОБОДАН ЈОВАНОВИЌ: ШТО Е ПОЛУИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ?
„Во целосната смисла на неговиот вид, полуинтелектуалецот е човек којшто уредно, дури и со многу добар успех завршил школо, но во поглед на културното образование и моралното воспитување не стекнал речиси ништо.

Независно дали заради неговата вродена неспособност или заради недостатоците на школскиот систем – не добил поттик за духовно саморазвивање. Тој воошто не ги разбира и не ги цени духовните вредности. Сè што цени е според тоа колку нештото придонесува за успех во животот, а успехот го сфаќа во ‘чаршиска’ смисла, односно материјалистички. Заедно со другите духовни вредности, тој ја отфрла и моралната дисциплина, но не сосема, бидејќи прекршувањето на таа дисциплина повлекува кривична одговорност. Сепак, во морален и во културен поглед, тој во основа останал примитивец. Несмекнат од културата и со олабавена морална сопирачка, има сурова сила ‘на претек’. Школската диплома како влезница во кругот на интелигенцијата, му дала претерано високо мислење за себеси.

20161130-slobodan-jovanovikj-shto-e-poluintelektualec-m

Во општествениот натпревар, дипломираниот примитивец се бори без скрупули, а со полно уверување да го бара само своето право што му го признала школата. Тој немилосрдно ги потиснува соперниците како да не се живи суштества, туку материјални препреки. Добар е ‘лакташ’ – израз што истовремено продрел во општата употреба со појавата на полуинтелектуалецот.

Да претпоставиме дека во него се пробудила политичката амбиција и дека станал министер. Таа позиција можел да ја освои само преку силно туркање и стрмоглава јагма, и затоа ќе смета дека тоа сега е нешто ‘негово’. Од таа негова придобивка или подобро речено ‘плен’, ќе гледа да извлече што е можно поголема корист. Ќе биде ‘корупционер’, но нема да биде сосема свесен за тој факт, бидејќи тоа ќе му изгледа природно и ‘на место’. Кога чул дека се зборува за неговата оставка, еден полуинтелектуалец рекол:

‘Кој е луд да се тргне од полн амбар?!’

Нему му изгледа незамисливо човек да не ја користи министерската позиција, исто како што му е незамисливо човек да остане гладен покрај полн амбар.

Политичката амбиција на еден полуинтелектуалец, всушност не е политичка. Таа се состои исклучиво од тоа човек да се збогати преку политиката и да загосподари со високи позиции. Тој не знае за повисоки и општи цели. Дури откако ќе го достигне врвот на политичкиот успех, се гледа дека е морално закржлавен човек. Покрај полуинтелектуалец кој успеал, постои и полуинтелектуалец кој не успеал.

Како вистински интелектуалец, невработен и запоставен, станува опозиционер. Полуинтелектуалецот во таква ситуација е уште поопасен, бидејќи не знае за никаква морална почит што би ја ублажила неговата огорченост. Не било случајно што многу озлогласени полуинтелектуалци преминале во комунисти.

Полуинтелектуалецот е болна општествена појава што открива две нешта:

1. Дека на културниот образец му е потребно дополнување од националниот и политичкиот образец, што особено се чувствува кога почнува да слабее влијанието на споменатите два обрасци;

2. Дека школото што се ограничува исклучиво на давање знаење, без споредбено воспитување на карактерот, не е во состојба да ја спречи појавата на општествен тип каков што е полуинтелектуалецот.“