(ВИДЕО) Траорна глетка! Куба се простува со Фидел Кастро

од desk3
78 прегледи

Во Хавана близу еден милион луѓе се собраа на поклонувањето пред посмртните останки на кубанскиот лидер Фидел Кастро, пренесе ТАСС. “Куба беше пример за многу земји во Правата на сопствен избор. Нашите земји секогаш ќе бидат заедно”, истакна во својот говор претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин, кој е на чело на руската делегација.

1480512320-kfefjn

Тој за отсуство на претседателот Владимир Путин се извини со натоварената програма околу подготовката на денешното обраќање до Федералното собрание.

Претседателот на Никарагва Даниел Ортега изјави дека економската блокада на Куба од страна на САД треба да биде разгледана од Меѓународниот суд во Хаг, пренесе РИА “Новости”.

“Оваа блокада е ни повеќе, ни помалку, злосторство против човештвото, што треба да биде под истрага од Меѓународниот суд во Хаг”, изјави Ортега во изјавата на свечената церемонија на проштевање со Фидел Кастро.

“Во гените на кубанскиот народ е кодиран многувековен стремеж кон слобода и независност, затоа земјата нема да се потчини на САД по смртта на Фидел Кастро”, коментира поранешниот воен аташе на Русија во Хавана и потпретседател на Руското општество за дружба со Куба Михаил Макарук пред RT.

Во среда (30-ти ноември) урната со пепелта на Фидел Кастро ќе се упати на исток, по што ќе помине по маршрутата на кубанските револуционери од 1959 година. Жалосната поворка ќе заврши на 3 декември во Сантијаго де Куба, а погребот на Фидел Кастро ќе е следниот ден.

Фидел Кастро почина на 25 ноември на 90-годишна возраст.