Кејти Пери и Орландо Блум се свршени

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Кејти Пери се појави на добротворната гала вечера на UNICEF во Њујорк синоќа со нов дијамантски прстен и веднаш предизвика шпекулации дека е свршена за својот дечко Орландо Блум.328ad982b4a333c74373fed3cf5bd1b0

Според новите гласини британскиот актер ѝ ја побарал раката на американската поп ѕвезда на Денот на благодарноста.

Кејти и Орландо се заедно 11 месеци. Пред една недела дури се појавија гласини дека двајцата се пред разделба, токму затоа што таа сака брак и деца, а тој е на друг бран.

Пред неколку дена, сепак Пери ја демантираше разделбата со Блум, со споделување фотографии од Денот на благодарноста во домот на нејзините родители во Санта Моника, на кои се гледаше и актерот.

Пријатели на пејачката тврдат дека никогаш не ја виделе посреќна на личен план.

Орландо не позираше со Кејти за сликите, но ја придружуваше на настанот вчера; Фото: splashnews.com