Златен или сребрен брокат, сјај на кристали, црвени, зелени бои … Божиќ се приближува. Магијата на празникот се чувствува насекаде, дури и кај маникирот. Инспирирани од неговата убавина, споделуваме една лесна идеја за маникир со елкички.
Започнете со нанесување на основната боја лак. Поставете два слоја од него, а бојата не е задолжително да биде зелена. Ако добро погледнете ќе забележите дека во овој предлог главната боја е со брокати.
Потоа од мат селотејп или селотејп за маникир исечете неколку тенки и две дебели линиии. Ставете ги тенките ленти асиметрично, потоа поминете врз нив со златен лак . Нанесете од него два слоја.
Почекајте да се исуши добро, потоа отстранете го внимателно селотејпот. За финале залепете кристалче или елкичка.