Студено со утринска температура од -10

од Vladimir Zorba
72 прегледи

 

 Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.studeno-vrem (2)

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус два, а дневната од три до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе достигне до девет степени.

Следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури. Дневната температура до сабота ќе биде во благ пораст, а во петок и сабота ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд особено во западните делови на земјава