Ирина Шејк ги изненади сите, кога се појави бремена на модната ревија на Victoria’s Secret. Убавиот руски топмодел очигледно очекува дете од партнерот Бредли Купер, кое ќе е прво и за двајцата.
Ирина се обиде да го прикрие стомакот, но будните фотографи успеаја да ѝ ја уловат тајната.
Всушност модната ревија на топ брендот за долна облека, која се одржа вчера во Париз, беше деби за 30-годишната Шејк. Според претпоставките, запрепастувачката бринета е во вториот триместар од бременоста.
Според сајтот E! News таа е исклучително возбудена од фактот дека ќе станува мајка. Веројатно и Бредли се возбудува дека ќе станува татко, бидејќи многу пати истакнуваше во интервјуа, дека веќе е подготвен за овој чекор во животот.
Ирина и Бредли се заедно година и половина, а живеат главно во Њујорк. Засега двајцата не ја коментираа среќната вест, но се очекува да ја прогласат официјално веста наскоро.

Фото: Splash News