Американскиот рапер Кание Вест излезе од болница, каде што беше примен пред повеќе од една недела поради исцрпеност, пренесе Reuters.
Ѕвездата се налути на своите фанови, откако го откажа во последен момент своето учество.Сепак се покажа дека неговата здравствена состојба воопшто не е добра и музичарот паднал во “духовна криза”. Тој упати и вербални напади кон семејството на Џеј Зи и Бијонсе.
Вест го напуштил Медицинскиот центар на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес (UCLA), каде што бил под надзор и лекуван од исцрпеност.
Сè уште не е излезено официјално соопштение на претставниците на раперот, во кое ќе објаснат што точно се случува со неговата здравствена состојба.
39-годишниот пејач беше примен минатата недела во невропсихијатриска болница, откако полицијата се одзвала на повик со барање за помош.
Според TMZ, раперот бил земен од болницата од неговата сопруга Ким Кардашијан, придружена и од неговиот личен лекар.
Весникот забележува дека Вест страдал од недостаток на сон. Според некои медиуми, сепак, целата работа со влегувањето во болницата е само потег на раперот да земе милиони од осигурителната полиса која ќе му се исплати, ако се докаже дека болеста му пречи на професијата.