Актерите Мила Кунис и Ештон Кaтчeр станаа родители по втор пат. Убавицата родила момче на 30 ноември, но информациите за среќниоt настан беa презентирани само денес, пишува E! News.
Детали за раѓањето сè уште нема ниту е јасно како ќе го крстат малиот. Судејќи според нетрадиционалното име на девојчето – Вајат Изабел, по секоја веројатност и синот на ѕвездите ќе се вика на некој несекојдневен начин.
Претходно самиот Ештон изјави дека го смета за соодветно името Хок (Орлово око), како што се вика популарен херој од цртаните филмови..
Катчер призна дека 2-годишната ќеркичка уште не сфаќа сосема дека ќе станува дада, а самиот тој бил ужаснат дека ќе одгледува новороденче по втор пат.
“Малку сум ужаснат, застрашувачки е”, изјави ѕвездата.
Мила и Ештон се верија во 2014, а во истата година станаа родители на малата Вајат. Во летото на 2015 тие се венчаа на интимна церемонија во друштво на роднини и пријатели.