
Постои опасност вo втората индустриска сила во еврозоната да повлече други aко референдумот за уставни реформи не победи во Италија на 4 декември, бидејќи тоа ќе делува како земјотрес за финансиските пазари и 8 италијански банки, кои ризикуваат да банкротираат. Ова ќе биде смртоносно и за италијанскиота кредитеа систем, предупреди британскиот весник “Фајненшл тајмс”. Ако пак референдумот победи, има ризик од диктатура во Италија, повикуваат на тревога противниците на реформите на Апенините.
Во неделата Италијанците ќе бидат прашани дали сакаат да го менуваат актуелниот политички систем, или да го остават така како што е. Референдумот за уставните реформи ќе биде валиден, без разлика колку лица гласале. Основната цел е да се стави крај на т.н.. совршен дводомен парламент, во кој двете комори имаа еднакви функции и овластувања. Реформите предвидуваат намалување на функциите на Сенатот и намалување на бројот на сенаторите од 315 на 100 (95 од нив ќе бидат градоначалници и регионални советници, други 5 ќе го номинира претседателот).
Единствено Домот на делегатите ќе има законодавната власт за сите закони и владата ќе мора да биде одобрен со гласање само од неа. Реформите вклучуваат и отстранување на провинциите. 500 милиони евра ќе бидат поштедени од сите кратења за трошоци за Сенатот, провинциите и областите. Во случај референдумот да загуби, премиерот Рензо ќе поднесе оставка и ќе се дојде до нова политичка криза во Италија, повторуваат поддржувачите на анкетата. Но ако анкетата помине, ќе биде погребана демократијата, одговараат бранителите на “не” на реформите. Со месеци се поделени воа две екипи Италијанците поради уставните реформи слично на жесток фудбалски натпревар. Апсурдно е дека во тимот против промените се инаку политичките непријатели меѓусебно како движењето “5 ѕвезди” на Бепе Грил, “Форца Италија” на Берлускони и Северната лига на Матео Салвини. Тие се во надмоќ со 5-6 поени над бранителите на реформите. Спокојството за премиерот Матео Рензо сепак, е дека во последно време анкетите грешат (Сетете се на Брекзит и Трамп). Решавачки ќе се покажат и гласовите на петте милиони Италијанци во странство, кои засега се непредвидливи.
Секој од бранителите на “да” или “не” мавтаат со аргументи за евентуална апокалипса за Италија и Европа при победа на противникот. Апокалипса сепак нема да има, што и да се случи во неделата. Осум италијански банки навистина се пред банкрот ( “Монте де Паска Ди Сиена”, Банка Етрурия, Банка Пополаре ди Виченца, “Каридже” Венето Банка, Банка деле Марке “КариКиети”, “КариФерара”), но тоа не е никаква вест и за нив ќе треба да се преземат мерки и при успех, и при не успех на референдумот. Сценариото, поради кој сепак на многумина во Европа им се смрзнува крвта е какви ќе бидат последиците за европските пазари. Централната европска банка веќе даде да се разбере дека е подготвена да ги заштити италијанските државни обврзници и италијанските банки, во случај да бидат нападнати силно од финансиските пазари при не успех на референдумот. Единственото сигурно е дека засега сè е неизвесно. Имено несигурноста предизвикува најголема нестабилност на пазарите. Ако се синтетизира накратко ситуацијата во моментов, “за” реформите се богатите, а “против” – сиромашните (настрана Берлускони). Берлускони предупредува дека Италија ризикува диктатура, ако победи референдумот. Конфедерацијата на италијанските индустријалци, сите банки, големите компании од ваков вид на “Ферари” и Фиат, финансиските институции на Запад и дури германскиот министер за финансии Шојбле апелираат да се гласа со “да” на реформите. Германскиот финансиски весник “Ханделсблат” дури пророкуваше како црна Касандра: “Ако банкротира Рензо, банкротира Италија. А ако банкротира Италија, банкротира Европа. “Против реформите се претежно бројните избирачи на Бепе Грило, кои се разгневени од фискалната строгост на Европа и од еврото по примерот на Ле Пен во Франција. Против се и гласачи на Матео Салвини од сепаратистичката Северна лига, кој по победата на Трамп извика: “Ова е историски и позитивен ден за мирот во светот.” Против се и Италијанците, кои се дел од статистиките за 12% невработеносат (таа достигнува и 40 отсто меѓу младите). Против се и оние кои страдаат од либерализацијата на пазарот на трудот што го воведеи Рензо, благодарение на кое стана можно полесно отпуштање. Националниот долг на Италија достигнува 130% од БДП – полошо во еврозоната е само Грција. За многу Италијанци тоа ќе биде претежно протестно гласање против Рензо, против пазарните реформи, против еврото, против ЕУ. Но, многумина се прашуваат како така Италијанците, кои на време откриле плачат и дека сакаат промени, за да се заузда бирократијата и растураатдржавни пари, се бунтуваат против реформи кои го предвидуваат точно ова? Зошто се исплашени однамалувањето на овластувањата на Сенатот и намалувањето на сенаторите од 315 на 100? За да се разбере италијанската аномалија, е потребно да се сфати првенствено како дејствува “Италикум”, кој е вистинската јаболко на раздорот. Така се вика новиот изборен закон, одобрен во 2015 година, на кој во иднина ќе биде избиран парламентот. Иако не е предмет на сегашниот референдум, “Италикум” стои на дното на сите сценарија на ужасот кои се покажаа дека при евентуална победа на реформите. “Италикум” гарантира апсолутно мнозинство во парламентот за партијата – победничка на политичките избори. Како ќе се случи тоа? Ако една партија доби во првиот круг 40% плус 1 гласа, таа обезбедува 55% од местата во парламентот, бидејќи според “Италикум” му се доделува т.н.. премија мнозинство. Ако ниту една партија не надмине оваа бариера, тогаш двете најуспешни партии одат во вториот круг. Која победи, обезбедува 340 места во Домот, или вкупно 55% од местата.
“Италикум” предвидува и механизам за блокирани сигурни места за возачите на партиски листи, што значи дека половина парламент практично ќе биде избран не од гласачите, а од партиите. Замислете сепак следнава ситуација. Во Италија живеат 60 милиони луѓе, од кои 46 милиони се соправо на глас. На избори гласаат обично само половина, или 23 милиони. Да претпоставиме дека ниедна партија нема во првиот круг 40 отсто од гласовите, а Демократската партија освои 25% (односно за нив гласале под 6 милиони Италијанци) а Грило – 24 отсто од гласовите. Двете партии одат во вториот круг и заработува Демократската партија. Значи со еден удар таа обезбедува сè – апсолутно мнозинство во Домот на делегатите (Сенатот веќе е со намалени функции), премиер, претседател на републиката (тој се избира од страна на парламентот, каде мнозинството е осигурано), контрола над Уставниот суд чии судии се номинираат од претседателот. Се подразбира дека партијата победник потоа става свои луѓе на чело на сите државни компании, телевизија, итн. Згора премиерот командува и со најголемата партија. Така на крајот е изборот само 6 милиони. Италијанци ќе стават0 население од 60 милиони луѓе во зависност. “Кажете ми тоа не се ли вика диктатура?”, Извика овие денови Силвио Берлускони, кој е меѓу најжесток противник на референдумот. При избори по овој закон по евентуална победа на референдумот неговата “Форца Италија”, како и сите други мали партии едноставно ќе исчезнат од политичкиот хоризонт. Изборот на милиони Италијанци пак воопшто нема да биде претставен во парламентот. Кошмар за Берлускони сепак не е толку Рензо, а грил, кој му дише во вратот, со оглед дека е само на 2-3% зад премиерот. Ако Бепе Грило освои дури и со 2 отсто предност над левичарската партија, сите во Италија ќе се преврти наопаку. Се разбира, првиот чекор ќе биде референдум за излез од еврото на Италија, која е втората индустриска сила во еврозоната. Оттаму натаму што би последно за Европа? Може само да се погодуваме. Поддржувачите на реформите сепак се на другата страна и предупредуваат дека ако Италијанците не се качат сега на возот и не се појави тој да помине повторно во следните неколку децении. Ако победи “не”, сите во Италија ќе си останат така како што е, велат тие. Ако сепак се гласа со “да”, ќе се менуваат радикално многу работи. Просечниот период за одобрување на еден закон во Домот на делегатите ќе биде 40 дена, а не 504 како што е сега, бидејќи тој се движи неколку пати меѓу двете комори, додека стигне до финалето. Сенаторите ќе бидат намалени од 315 на 100, а секој од нив добива во просек по 20 000 евра месечно. Парламентарен имунитет ќе имаат само 730, а не 950 парламентарци, како што е сега. Обласните советници ќе добиваат по 5.000 евра месечно, а не по 10 илјади, како што е сега. Ќе се заштедат 320 милиони евра од трошоците за провинциите, ако тие се отстранат. Ќе се обезбеди конечно стабилно управување – бидејќи во последните 70 година во Италија имнашеи 63 влади.