Николовски во Кадино: Автономија на универзитетите и развој на средните стручни училишта

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Носителот на кандидатската листа за пратеници од СДСМ во Изборната единица 3 Љупчо Николовски денеска го посети скопското село Кадино.

nikolovski

Претставувајќи го делот од партиската предизборна програма за образованието, порача дека институциите мора да работат единствено, во функција на ѓраганите. СДСМ, рече, ќе застане зад автономијата на универзитетите, а во фокусот ќе биде и развојот на средните стручни училишта.

На целокупниот образовен процес во Македонија, порача Николовски, му е потребна сеопфатна и крупна промена.

– Ќе создадеме образование што ќе нуди квалитет, а не квантитет, ќе покренеме веднаш јавна расправа и дебата за суштински и крупни реформи во образованието. Екстерното тестирање ќе го укинеме, ќе го намалиме бројот на часовите на децата и бројот на предметите. Паралелките ќе бројат 25, а не 40 ученици. Ќе ги укинеме сите казни за наставниците и во целокупното образование. Наместо казни ќе воведеме мотив и награди за најуспешните и најдобрите наставници, истакна Николовски.