Забен скандал во ЕУ: Брисел сака да ги забрани бесплатните пломби

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Според експертите, повеќето од нив се подготвуваат од амалгам и се штетни.

1480794197-1
Брисел може во иднина да ги забрани класичните забни пломби кои се бесплатни и во зависност од договорот се преземаат или од здравствените каси или од осигурителните компании во ЕУ. Причината – мислењето на експертите е дека се прават од штетни материјали.
Повеќето од бесплатните плобми во некои земји од ЕУ се подготвуваат од амалгам и се полни со опасни за здравјето материјали. Следната недела треба да има средба на експерти од Европската комисија, кои ќе разговараат за токму колку штетни се предметните пломби.

Овој проект е поддржан и од бранителите на природата, според кои пломбите тешко се раствораат и ја загадуваат животната средина.