Кардашијан го приморала Кание да живее одвоено од децата заради нестабилната психа

од Vladimir Zorba
93 прегледи

За семејството на Ким Кардашијан и Кание Вест очигледно настапуваат тешки времиња.5190342 По испуштањето од болница раперот живее одделно од неа и децата. Според извори од опкружувањето на двојката ова делумно е поврзано со Кардашијан која не сака мажот да биде со децата, бидејќи неговата состојба останува несигурна, макар и да се стабилизира.

Според изворите, покрај тешкотиите, Ким верува дека третманот што го добива нејзиниот сопруг, ќе им помогне на односите.

“Тоа беше вистински пекол. Однесувањето на Кание многу силно влијае врз нивниот брак. Но Ким чувствува олеснување дека тој ја добива помошта што му е потребна. Таа смета дека тоа ќе го спаси и ќе помогне на нивниот брак “, изјави еден од изворите.

Друг додава дека иако во семејството има проблеми, љубовта помеѓу Ким и Кание не се намалува: “Како и во сите односи, тие исто така имаат разочарувања и проблеми. Но тие се сакаат “, истакна пријател на семејството.

На крајот од минатиот месец Кание Вест беше примен во психијатриска клиника поради нервен слом од преоптовареност со работа.