Човекот во кругот на вечната промена и уништувањето

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Навраќањето на документарни филмови во формата на „Хронос“(1985), „Барака“(1992) и „Самсара“(2011) секогаш претставува акт на потврда за човечката неконзистентност и матриалистичка преорентираност. Филмовите со суптилноста во покажувањето на крајниот дуализам, духовното, метафизиката, човековата природа и деструкција не само што исцртува филозофска матрица на битието во самата егзистенција и надвор од неа, туку и крајно општественосоциолошки конпоненти во современото живеење.

tumblr_n54ttptctd1r8oyaho1_500
Од една страна, очигледно е дека во „Барака“ режисерот Рон Фрик сака да ја покаже чистата форма на суштествувањето, за ваквиот потег подоцна во „Самсара“ да биде целосно надминат од надменоста на економскиот пазар, надмоќта и преобразбата водена од себичниот акт за поседување.

Очигледноста во класните разлики, порастот на сиромаштијата во време на хиперпродукција, поттикнува гледачот не само да биде освестен за системските режими на владеење, туку да се наврати на сржта на природните закони.

Документарната трилогија на Фрик е приказ за Истокот и Западот, животот и смртта, хаосот на битието и незначајноста на поединечното./В.К