Мадона му предложи пак брак на Шон Пен за 150 000 долари

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Нивниот брак издржа само 4 години, но изгледа Мадона е подготвена повторно да стане сопруга на Шон Пен за соодветната сума.f3471d2f06fe44dcd93f219dc7411d24

Во случајот станува збор за 150 000 долари, кои актерот веднаш беше подготвен да ги плати. Сензационалната вест се роди пред неколку дена на добротворна гала во Мајами, организирана од фондацијата на кралицата на попот Raising Malawi.

На настанот Мадона објави аукција за предмети како накит, артефакти, еднонеделниот престој во вилата на Леонардо ди Каприо (кој беше меѓу гостите) и автомобил, чиј дизајн е инспириран од самата неа. Врв на вечерта сепак дефинитивно беше закачката на Маџо и поранешниот Шон Пен.

За време на презентацијата на дел од накитот пејачката го насочи вниманието токму кон Пен и се провикна од сцената, дека ќе се омажи за него, повторно, ако понуди 150 000 долари. Шон не се двоумеше, но други господа беа жедни да добијат парче од Мадона и понудија поголеми износи.

А сепак актерот не остана со празни раце. Поранешната сопруга го извика на сцената и му овозможи да ѝ ѕирне меѓу нозете и да ѝ стави лисици. Потоа задоволно истакна: “Еден од многуте незаборавни мигови во нашиот брак”. Зачинетата сцена беше снимена од риалити ѕвездата Бетани Франко кој птикачи неколку рамки во мрежата Snapchat.

Тоа не беше единствената шокантна изјава на отворената ѕвезда. Таа ги воодушеви сите гости и најверојатно и самиот Шон кога призна: “Се уште сум вљубена во тебе”.

Ова се покажа сепак како “маркетинг” тактика на Маџо во аукцијта, бидејќи веднаш по зборовите  таа претстави неколку ексклузивни фотографии од свадбата со Пен во 1985 година. Не е јасно колку успеала да освои за фондацијата пејачката, но според The Guardian износот е 7 цифрен, имајќи предвид дека само местата чинеле по 5 000 долари, а со нив се нуделе и “филантропски пакети” во вредност од 150 000 долари за секој.

Мадона ја лансираше фондацијата Raising Malawi во 2006 година со идејата да го подобри животот на децата во Малави. Две од децата на поп дивата – Дејвид (11) и Мерси (10), се од Малави.