
Петре Шилегов, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 6, денеска од Тетово, нха терен покажа каде се гледа, како што рече, пустошот од владеењето на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ во изминативе 10 години.
– Денеска во Тетово сме во посета на многу стопанственици и стопански објекти, којшто едвај врзуваат крај со крај заради неодговорното и криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ. Разговараме со управителите, разговараме со стопанстевниците, разговараме со работниците, сите тие сакаат поубав живот. На овие избори за 5-6 дена од сега нема да се гласа за СДСМ или за ВМРО ДПМНЕ. На овие избори ќе се гласа за живот во Македонија – рече Шилегов.