Италијанскиот референдум е удар за Европа, но доаѓаат и потешки искушенија

од Vladimir Zorba
79 прегледи

zx450y250_2877534

Звучното “не” што италијанските гласачи го рекоа на референдумот за уставни промени, не значи отфрлање на Европската унија и еврото, како ликуваат популистите изјавија пишува Ноа Баркин за агенцијата “Ројтерс”.

Но гласањето, кое го протера Рензо од власта, е сериозен чекор назад за Европа во момент во кој лидерите ‘се обидуваат да се одговорат околу Брекзитот на Лондон, на изборот на Доналд Трамп и на домашните економски проблеми.

Италија е уште една земја која во 2017 година, ќе се занимава претежно со внатрешната политика, а во исто време ќе се одржуваат избори и во Холандија, Франција, Германија и најверојатно и во Британија.

Тоа и е предупредување за останатите европски реформатори како Франсоа Фијон, конзервативниот фаворит за претседател на Франција, кој вети дека ќе одржи не помалку од пет референдума, ако биде избран.

Нешто повеќе – и покрај релативно мирната реакција на финансиските пазари во понеделникот гласањето го загрижи банкарскиот сектор на Италија и економската иднина на третата најголема економија во еврозоната.

Европските партнери на Ренци го сметаа за столб на стабилноста во една држава, каде политичката нестабилност е нешто нормално во последниве децении. Во едно истражување сепак тој освои малку над 40% – многу помалку од предвидувањата.

Загубата доаѓа неколку дена откако и нељубениот и исто тала лево ориентира претседател Франсоа Оланд одби да се кандидира за втор мандат- нешто што не се случило со децении во историјата на Франција.

Оставката на Ренци може да доведе до предвремени избори следната година. Таа го зголемува ризикот антиевропски движење “Пет ѕвезди” да ја преземе власта, иако тоа не изгледа многу веројатно.

По гласањето за Брекзит по што премиерот Дејвид Камерон си даде оставак,

по втор пат во рок од половина година европски лидер се обврзува во управувањето да ги послуша гласалите кои излегуваат на референдум, а притоа изгубија

– Развој, поздравена од антиевропски сили.

“Италијанците го отфрлија Ренцио и ЕУ”, напиша на Твитер Марин Ле Пен од екстремнодесничарскиот “Национален фронт”. “Ова гласање очигледно беше повеќе за еврото отколку за уставните измени”, дополни Најџел Фараж од Партијата на независноста.

Но за разлика од Велика Британија мнозинството италијански гласачи ја поддржуваат Европската унија, така и еврото. Сите големи партии освен онаа на Ренци ги охрабрија да гласаат со “не”.

Така што поразот изгледа не толку како отфрлање на Европа и на врхушка, туку како

сериозна грешка на самиот Ренци.

Toа нема да го ублажи ударот за Европа, чии лидери ветија дека ќе прогласат стратегија за по Брекзит во март во Рим – на 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, со кој е основан ЕУ. Сега не се знае кој ќе биде домаќин на оваа средба.

Во истиот месец холандските гласачи ќе гласаат, а британскиот премиер Тереза Меј треба да активира чл. 50 од Договорот за ЕУ и да започне двегодишната процедура за суштинскиот Брекзит.

Само еден месец подоцна е првиот круг на француските претседателски избори, кој најверојатно ќе има и втор круг, меѓу Франсоа Фијон и Марин Ле Пен. Ова гласање ќе биде многу важно за Европа отколку италијанскиот референдум.