Меркел најави забрана за носење бурки

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска по деветти пат беше избрана за лидер на владејачката Христијанско демократската унија (ЦДУ). На партискиот Конгрес во германскиот град Есен, Меркел ја доби поддршката од 89,5 отсто од делегатите. Веднаш потоа делегатите на Конгресот на ЦДУ ја поддржаа и кандидатурата на Меркел за функцијата канцелар на Германија.

_92854730_mediaitem92854727

Пред две години Меркел беше реизбрана за лидер на ЦДУ со 96,7 проценти од гласовите на делегатите на партискиот Конгрес. Таа ја предводи ЦДУ веќе 16 години.

Претходн,о денеска Меркел во својот говор пред делегатите на конгресот истакна дека планира да го ограничи приливот на мигранти, да го забрза депортирањето на незаконските мигранти, но најави и забрана на бурките./МИА