(ГАЛЕРИЈА) Ѕирнете ја атмосферата во домот на Дедо Мраз

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Куќата на Дедо Мраз се наоѓа некаде на Северниот пол, а ако мислите дека не е реална – се лажете.

Сајтот Zillow објавил слики на атмосферата во дом на најсаканиот старец на децата.

Со оглед на угледот, Дедо Мраз води навидум скромен начин на живот во својата дрвена куќичка од 250 квадратни метри.

Таа е изградена во 1822 година, има три спални и две купатила. Пред резиденцијата на Дедо Мраз има паркинг за санки.

Освен тоа, во неа има доволно простор за функционална работилница за играчки. Куќата располага со кабинет со биро, како и вградени полици на кои чекаат прототип играчки.

Меѓу другите соби во домот се голема дневна со трпезарија, кујна и камин, реновиран во 2013 година.

Видете ги сликите на куќата во галеријата.