1,4K
Состојки:
10 парчиња багет
10 парчиња филе од чаден лосос
1 лажица рендана кора од лимон
Свеж копар, сецкан
Магдонос, ситно сецкан
Босилек, сув
Сол
1 лажица рикота
црн пипер
1 лажица маслиново масло
Подготовка:
Намачкајте ги прво парчињата бегет со маслиново масло. Запечете ги малку во загреана на 200 степени рерна. Нека фатат крцкава кора. Одделно во сад измешајте ја лимоновата кора, копарот, магдоносот, босилекот и рикотата. Добро промешајте. Зачинете со сол и бибер. Со добиената смеса намачкајте го секое парче. Одозгора наредете по едно парченце лосос. Декорирајте со еден страк магдонос.