Коалицијата за промени и правда вечерва одржа митинг во Кисела Вода, каде Павле Трајанов, носител на првата изборна единица во Скопје, ги повика неопрделените да излезат и да гласаат за промени, за да се создадат услови да се спроведе правото.
Трајанов потенцира дека со економската програма ќе обезбедат услови во која ќе се вработат над 90 000 младии квалификувани кадри. Од буџетот ќе се наменат 800 милиони евра за економски развој и 2 отсто од буџетот за проекти на младите.
– Предвидовме и бесплатна здравствена заштита и модерни регионални здравствени центри. Во образованието, реформите ќе ги прават универзитете, студентите и бизнис заедниците, а ќе го укинеме и екстернето тестирање, потенцира Трајанов.
Според него стратешки, национален и државен интерес е Македонија да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ. – За тоа, рече, има граѓански консензус и тоа ќе го направиме, без да го менуваме уставното име. Ние сме за Унитарна и демократска Македонија.
На митингот говореа и Глигор Стоименов и Драгана Букилица кандидати за пратеници во првата изборна единица.