(ВИДЕО+ФОТО) Ексклузивно за војната: Напад на ИД на Палмира – небото над градот врие од руски авиони и хеликоптери во Сирија

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Терористите од “Исламска држава” ја продолжуваат офанзивата кон армијата на Сирија во близина на античкиот град Палмира и авиобазата Т-4 во источниот дел на провинцијата Хомс. Темпото на бандитски групи значително се одложи поради жестокиот отпор на владините трупи, кои ја одбранија Палмира, и поради постојаните удари на ВКС на Русија и воздухопловните сили на Сирија. Сепак, исламистите успеале да се придвижат напред, заземајќи го замокот во регионот Халабат, лоциран јужно од Палмира.
Од друга страна, сириската армија ги амортизира сите напади на терористите, и тие не успеале да ја заземат напуштена воена база крај Палмира, каде биле запрени од огнот на новодојдените засилувања на сириската армија и руските бомбардирања.

“Небото над Палмира клокотат од руски авиони и хеликоптери, тие извршија серија напади во областите Ларк и Сухне северозападно од Палмира”, соопштија локалните медиуми.

Има информации дека руските ВКС и воздухопловните сили на Сирија ликвидирале конвој на ДАЕШ, кој патувал кон местото на борбите. Исто така се истакнува дека по речиси 24 часа на постојани судири терористите сепак успеале да го заземат ридот Џабалија Хијал, принудувајќи ги сириските војници да се повлечат.

Поради неочекуваниот силен притисок на ИД ириската армија е принудена да се повлече од нафтените наоѓалишта Ал Махр и нафтените бунари .17, 18, 19 и 20, соопшти агенцијата AMN.

Владините сили во моментов се фокусираа на нова точка во областа на нафтеното наоѓалиште Џахар каде тие се реорганизираат и се подготвуваат за контранапад.

Покрај тоа, врховниот командант на сириската армија испратила големи засилувања кон Палмира, за да се задржии напредувањето на исламистите и да бидат вратени сите изгубени позиции. Според достапните информации, борбата треба да започне во саботаа наутро.

Во меѓувреме руските ВКС се фокусираа од југоисточниот дел на Алепо врз источниот дел на Хомс, каде постојано се нанесуваат удари врз непријателот.

Атака ИГИЛ на Пальмиру: ВКС РФ наносят град ударов, а САА перебрасывает подкрепления (ВИДЕО, ФОТО, КАРТА) | Русская весна
Атака ИГИЛ на Пальмиру: ВКС РФ наносят град ударов, а САА перебрасывает подкрепления (ВИДЕО, ФОТО, КАРТА) | Русская весна
Атака ИГИЛ на Пальмиру: ВКС РФ наносят град ударов, а САА перебрасывает подкрепления (ВИДЕО, ФОТО, КАРТА) | Русская весна