Уапсен еден од мигрантите од шокантно видео од Берлинското метро

од Vladimir Zorba
55 прегледи

4 дена, откако полицијата го распространи шокантното видео на кое мигрант турка жена во Берлинското метро, ​​еден од учесниците од случката е фатен од полицијата, информира “Билд”. Портпаролот на обвинителството во Берлин Мартин Щелтнер изјави дека засега е идентификуван и уапсен само едниот од тројцата мажи од групата. Уапсениот не е мажот кој ја турка Германката по скалите. Засега не се јасни детали околу личноста – не е утврдено дали живее во Берлин. Сослушување на уапсениот траело неколку часа, но тој се уште не дал информации кои се корисни за истрагата. Според информации на “Билд” извршителите на хулиганската манифестација се од Источна Европа