Франција побара итна седница на СБ на ОН за ситуацијата во Алепо

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 

Франција побара итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситауцијата во Алепо, која францускиот постојан претставник во светската организација, Франсоа Делатр, ја нарече „најтешката хуманитарна катастрофа на 21-от век“, пренесоа француските медиуми.

– Треба да направиме се за да завршат крвопролевањата, да го евакуираме населението под безбедни услови и да им помогнеме на луѓето кои имаат потреба од неа, додаде тој пред новинарите.

Францускиот премиер Бернар Казнев во својот говор во Парламентот го осуди „масакрот со подршка од Русија“ врз цивилите во Алепо, изведен од сирискиот режим и изјави дека овие дејствија може да се подведат како „воени злосторства или дури и како злосторства против човештвото“.

-Според различни сведоштва, мажите на возраст под 40 години, се апсат или насила врбуваат во армијата, а понекогаш се егзекутираат од сириската армија со поддршка  на поддржувачите на Башар ал-Асад, а се почна од Русија. Овие ѕверства, кои може да се подведат како воени злосторства или друи и за злосторства против човештвото, се изведувани со нечуен цинизам и жестина, изјави Казнев.

Портпаролката на британскиот премиер Тереза Меј изјави дека Велика Британија на самитот на ЕУ во четврток во Брисел ќе изврши притисок врз своите партнери да се усвои „јасна и цврста декларација“ за ситуацијата во Алепо, посебно „за неопходноста од хуманитарен пристап и прекин на огнот“.

Портпаролката ја повтори позицијата на британската Влада дека сирискиот претседател  Башар ал Асад треба да ја напушти функцијата.

Бунтовниците во Алепо веќе четири недели се подложени на жестоки артилериски гранатирања и воздушни напади и речиси целосно ја загубиле контролата врз квартовите во источниот дел на градот.