ОБНОВЕНА: Специјалците се повлекуваат од апсењето на началникот на министерот Спасовски

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Попладнево специјална полиција влезе во куќата  на началникот на полицијата на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ. 

По налог на јавното обвинителство, специјалците попладнето упаднале во домот на началникот на Куманово при Министерството за внатрешни работи, Стојанче Величковиќ, и направиле претрес на неговиот дом.

Околу 500 граѓани веднаш се собрале пред домот на кумановскиот началник на полицијата, во негова одбрана ,кои бараат одговори зошто  толку голем број на специјалци и зошто полицијата го приведува кумановскиот началник.

Неофицијално се посочува  дека најверојатно обвиненението е злоупотреба и изборен криминал.

Кумановскиот градоначалник, Зоран Дамјановски – Циц, кој е еден од граѓаните кои протестираат пред домот на кумановскиот началник, за Локално.мк изјави дека кордон од стотина полицајци го окупирале домот на Величковиќ, на што спонтано се собрала голема маса на луѓе кои направиле голема тензија. Пред малку, како што ни посочи градоначалникот, излегол началникот кој дал изјава,  и повикал на смирување на тензиите, додека полицијата се повлекува.

Според извори од МВР од домот на началникот се запленети некакви  документи и списоци, за кои има сомнеж дека се злоупотребени за изборни нерегуларности.

Величковиќ,  пак, изјавил  пред граѓаните пред неговата куќа дека ова е налог на обвинителот Марко Зврлевски против него затоа што спречил изборен криминал на денот на изборите, а не дека сторил криминал. Потоа тој  ги замолил граѓаните да ги пуштат да си заминат специјалците.

Инаку, Величковиќ неодамна беше избран за началник на Куманово од страна на министерот за внатрешни работи назначен од редовите на социјалдемократите во преодната влада, Оливер Спасовски, потоа  беше разрешен со заминување на Оливер Спасовски и повторно вратен со неговото враќање на чело на МВР, од страна на министерот Спасовски.

Во моментов спласнува напнатоста пред куќата на началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, и според последните информации тој нема да биде приведен, а целата процедура ќе се тера по регуларен пат. Стојанче Величковиќ сам заминал во полициската станица во Куманово.

Слични содржини