Вработените кои работат на Ајфелвата кула во Париз, вчера објавија ефективен штрајк – трет за последните шест месеци и бројни туристи со веќе купени билети останаа разочарани.
Синдикатите кои претставуваат вкупно 300 лица персонал, рекоа дека прогласиле штрајк поради “намерен недостаток на транспарентност” за клучни одлуки поврзани со функционирањето на Ајфеловата кула.
Вработените инсистираат за подобри работни услови и повисоки плати.