Како лажната вест ја победи вистината

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Лажните вести ја надминаа популарноста на вистината на Фејсбук. Тоа го покажува анализа на канадски сајт за вести.

Скандалозните податоци докажуваат уште дека смислените приказни предизвикале повеќе коментари, споделувања и реакции отколку топ вестите од вкупно 19 престижни медиуми, меѓу кои “Њујорк тајмс”, “Вашингтон пост”, “Хафингтон пост” и “Ен-Би-Си њуз” .

Вознемирувачките резултати докажуваат дека сензацијата, а не фактички докажаната вистина во медиумите го дефинира политичкиот дискурс.

За време на најкритичните месеци од кампањата за претседател на САД, 20-те топ вести од силно поларизирани политички блогови и сајтови со сомнителна репутација и кредибилитет генерирале во близина 9 милиони споделувања, реакции и коментари на “Фејсбук”.

Во споредба – 20-те водечки приказни на најпрестижните и етаблирани медиуми како “Њујорк тајмс”, “Вашингтон пост”, “Гардијан” и “Политико” успеале да соберат едвај 7,4 милиони.

4 од останатите во топ 10 фиктивни вести се дело на ист сајт “Ендинг д ФЕД”.