Инвеститорот Бредли Шерве планира да отвори во Лондон кафуле, каде освен топли пијалаци ќе се нуди и … орален секс. За своите планови мажот раскажал во интервју објавено во Huffington Post.
Прототип на неговиот локал е секс-кафуле, кое работи во Тајланд. Но има една основна пречка поврзана со тоа што во Британија се забранети борделите. За да го заобиколи ограничувањето, посетителите на локалот на Шерве ќе бидат опслужувани не од проститутки, туку од роботи.
Претходно претприемачот се обидувал да отвори секс-кафуле во Женева, но наишол на непредвидливи тешкотии. Се покажало дека швајцарските закони не дозволуваат истовремено да се нудат пијалаци на јавно место и интимни услуги.
Токму затоа Шарве почнал да се среќава со производители на секс кукли. Тој им раскажал на новинарите дека соработува со компанијата MySiliconeLoveDoll која пушта секс-роботи.
“Не можете да замислите колку се луѓето во 2016 година, подготвени да дадат шанса на роботите”, раскажува Бредли – Ние прашавме илјадници потенцијални клиенти. Тие се многу заинтересирани за предлогот и сакаат да го испробаат “.
Се очекува дека лондонското секс-кафуле ќе отвора врати во 6.00 наутро и ќе работи до 23.00 часот навечер.
15-минутната сесија ќе вклучува кафе и орален секс и ќе чини околу 60 фунти. За самосвесни клиенти ќе има и одделни оградени зони. Останатите мажи ќе бидат опслужувани на барски столици.