Шпанскиот Уставен суд ја поништи резолуцијата за референдум за независност на Каталонија

од Vladimir Zorba
89 прегледи

 

Уставниот суд на Шпанија ја поништи резолуцијата на Владата на Каталонија која предвидува референдум за независност на автономната област, јави ТАСС. 

Судот наведе дека донел одлука, откако го разгледал барањето на шпанската Влада за референдумот. Ова е последната фаза од правната битка меѓу централната шпанска Влада и сепаратистички настроените регионални каталонски власти.

Каталонија соопшти дека ќе спроведе референдум за независност до септември следната година.

Судот во 2014 година спречи обид за ваков референдум.

Шпанската Влада тврди дека Уставот не дозволува ниту отцепување, ниту референдум.

Анкетите покажуваат дека Каталонците се на половина поделени по прашањето дали областа треба да остане дел од Шпанија или да добие независност.