
Централната банка на САД ја зголеми каматната стапка за прв пат од минатиот декември и испрати сигнал дека тоа може да станува уште почесто во 2017 година при новата администрација на претседателот Доналд Трамп, кој притоа вети намалување на даноците, зголемување на трошоците за ограничување на регулациите.
Речиси сите финансиските пазари очекуваа такво решение по серијата резултати за добар економски раст.
Едногласно во ФЕД одлучија каматата на федералните фондови да се зголеми за 25 базични поени до 0.5-0.75%. Тоа влијае на средствата кои се доделуваат на други институции и банки и ефектот од неа се пренесува на крајните корисници.