
Врските на мандаторот за државен секретар извршниот директор на ExxonMobil Рекс Тилрсон со Русија ќе бидат само една од пречките за неговата кандидатура.
64-годишниот инженер, ја поминал целата своја кариера во една компанија, беше избран од претседателот Доналд Трамп официјално вчера, но допрва треба да биде одобрен од Сенатот.
Електронско издание на “Политико” изброи пет теми кои сериозно ќе ја попречат на номинацијата на Тилрсон.
Русија
Досега критиките се фокусира првенствено на неговите лични односи со рускиот претседател Владимир Путин и партнерството меѓу ExxonMobil и “Роснефт”.
Тилрсон водел со Путин преговори за проекти во вредност од милијарди долари во Сибир, Црното Море и Арктикот. ExxonMobil се проценува дека загубил поради санкциите наметнати на Москва, 1 милијарда доилари.
Во 2012 година Тилрсон беше награден со орден од рускиот шеф на државата.
Климата
Exxon се противи на ограничувањата за гасните емисии и е подложен на сомнение на научните аргументи за постоењето на климатските промени. Ова сигурно ќе го соочи со демократите, кои се веќе доволно се загрижени од мислењето на Трамп за ова прашање.
Во исто време главните обвинители на Њујорк и Масачусетс започнаа истрага против компанијата поради сомневање дека таа знаела уште во седумдесеттите години дека фосилните горива придонесуваат глобалното затоплување.
Канада
Како и Трамп, Тилрсон е за изградба на нафтоводот Keystone XL, кој беше отфрлен од претседателот Барак Обама минатата година. Exxon не работи директно на проектот, но има мнозински удел во една од најголемите канадски компании за развој на нафтени шкрилции – Imperial Oil.
Ирак
Во обид да го прошири својот бизнис Exxon влезе во конфликтот меѓу полуавтономниот Ирачки Курдистан и централната влада во Багдад. Незадоволна од условите предложени од ирачките власти, во 2011 година компанијата склучи договор за обработка на нафтените полиња во северниот дел на земјата со Курдите.
Тоа го налути Стејт департментот и Багдад, бидејќи ја поткопуваше официјалната државна позиција на Вашингтон дека има само “еден Ирак”. Зделката и даде на Exxon пристап до милијарди барели нафта и го отвори патот на други големи компании како “Шеврон” и “Тотал”, но ја ослаби власта на тогашниот премиер Нури ал Малики.
Exxon
Ако шефот почне да раководи со меѓународната политика на САД, противниците на Трамп ќе имаат повеќе причини да ги критикуваат одлуките. Ако претседателот го расипе нуклеарниот договор со Иран, ској треба да има постепено намалување на меѓународните економски санкции против Техеран, тоа ќе се толкува како обид да се спречи конкуренција на американските нафтени компании.
Ако санкциите против Русија се биде релаксирани, тоа ќе се смета за дозвола на американските компании да прават бизнис таму. Ако притисокот врз Венецуела биде зголемен, тоа ќе се прифати како одмазда за национализираниот имотот на Exxon.