(ГАЛЕРИЈА) Кинескиот ѕид со… станови

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Очите не ве лажат. Овие кадри се сосема вистински и ги презентираат најновите футуристички градби во градот Бејхај, Јужна Кина.

Зградата се вика “Имитација на ридови” и е развиена од страна на најголемата градежна компанија со пекиншко седиште “MAD”, пишува curbed.com.

“Проектот е инспириран од локалниот разигран релјеф. Тоа е дел од новата политика на Кина во градежништвото: убава глетка, покривни тераси, балкони, кои се во склад со природата, светлина и воздух во хармонија со животната средина “, изјави претставникот на компанијата арх. Ма Јансонг.

Должината на архитектонското здание е 800 метри, а тоа е поделено со оглед на различните функции – станбени, комерцијални, спортски и забавни. Највисоката точка е 240 метри, на 80-ти кат од источната кула.

Кинескиот ѕид со станови е дизајниран со 492 000 квадратни метри станбена површина – тоа се грубо 7000 апартмани, 400 пентхауси и 30 уникатни едонсобни домови.

Комплексот располага уште со 7 шест катни хотелски градби кои очекуваат туристи на првата линија на Јужното Кинеско Море. Колосалниот проект доаѓа со неколку огромни базени, трговско шеталиште, веднаш до главната улица, деловна зграда, мега маркет и што ли уште не.

Покривот на кинескиот ѕид е искористен за различни цели. Горе има градина, спортски објекти и кафулиња. Во изградбата на колосалната зграда е поставен огромен акцент на заштитата на животната средина.

Видете го кинескиот ѕид со станови во нашата галерија.