Бисери, брокат и раскош по француски. Пред неколку дена во обновениот хотел “Риц” во Париз се одржа традиционалната Métiers d’Art ревија на модната куќа Chanel.
Маестро Карл Лагерфелд секогаш избира нетрадиционално претставување на своите колекции. Моделите беа ослободени, се забавуваа и танцуваа, шетајќи меѓу масите во раскошниот салон на “Риц”.