На 5 декември Локално.мк им го понуди на читателите материјалот “Руски специјалци упадна во Алепо, ги убиваа старешините на терористите и ги насочува ударите на авијацијата”. Сега нудиме со мали кратења публикација на The Wall Street Journal за улогата на руските специјални сили во воените дејствија во Алепо.

По авијациските удари на ВКС, руските сили за специјални операции (ССО) се вклучија во активностите во Алепо, кои траат веќе речиси два месеци. Специјалците помогнаа на сириската армија, чија главна задача е искоренување лидерите на џихадисти во источниот дел на градот, тврдат руски експерти. Минатата недела телевизија “Россија” за прв пат покажа ретки снимки од воените операции на ССО во Сирија.
Овие елитни војници се истите сили кои придонесоа за неочекуваното пристапување на Крим кон Русија во 2014 година. Тие се аналогни на силите за специјални операции на САД, чии единици сега се наоѓаат во Сирија.
Присуството на руските специјални сили ја нагласуваат стратешката важност на Алепо за Кремљ, а таму сакаат да бидат убедени дека мегаполисот цврсто ќе биде во рацете на сирискиот претседател Башар Асад барем додека сојузниците се обидат да го наметнат примирјето и преговори за иднината на Сирија.
Русија ретко дава гласност за присуството на своите елитни војници, претпочитајќи да зборува само за своето ограничено учество во сирискиот конфликт, што главно се ограничува со воздухопловна поддршка на владините сили.
Специјалните сили се испратени во Сирија неодамна откако Русија ја започна операцијата во октомври 2015 година
“Тие дојдоа од Украина, каде војуваа на страната на проруските сепартисти ” – тврдат американски новинари.
Нивното присуство постојано се зголемува и достигна стотици. За време на целиот конфликт специјалните сили на Русија се користат за постигнување на точност при авијациските удари на ВКС преку одредување на целите на земјата и корекција.
Воздушната кампања предизвика критика од страна на САД. Русија секогаш ги негира сите обвиненија и тврди дека нејзините операции се строго насочени кон уривање на терористичката инфраструктура.
Руското Министерство за одбрана вели дека не бомбардира објекти во Алепо од 18 октомври, па ССО имале таму друга мисија. Тие се користат во различни операции, материјално-технички и борбени, вклучувајќи намерно уништување на различни лидери. Според експертите тоа не е воена операција, туку “посебна”.
Москва учествува внимателно во овој конфликт, за да не го повтори тажното искуство од Авганистан и Чеченија, каде допушти големи загуби. Сега нејзиното учество во Сирија е ограничено. Распоредувањето на мали единици од елитни војници одговара на оваа стратегија.
Распоредувањето во Сирија на руските специјалци е начин за добивање на борбено искуство. РФ тука тестира различно современо вооружување како ракети и авиони, пеглајќи ја својата доктрина за користење на ССО.
Експертите сугерираат дека руските ССО во Сирија најверојатно се состојат од три групи: специјалци од ГРУ (военото разузнавање), друг армиски специјален одред аналогно на американскиот Delta Force и уште една мистериозна посебна војска наречена “засолништа” или “Екран”, кој ги брани граѓанските лидери и дипломатски претставништва.
Референца : Во 2012 година началникот на рускиот Генералштаб генерал Николај Макаров го посетил штабот на командата на ССО на САД во Флорида. Патувањето било специјално наменето за запознавање со искуствата на американските специјални сили со цел да се создаде слична структура во Русија. Потоа Русите внимателно го проучиле американското искуство.