Албанската економија, во третиот квартал од годината оствари над половина милијарда евра од туризмот, потврди Централна банка на Албанија.
– Според податоците, во периодот јули – септември, кога е екот на туристичката сезона,во Албанија странските туристи потрошиле 521 милиони евра или 25 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.
Што се однесува до приходите остварени во периодот јануари -септември тие изнесуваат милијарда и 161 милион евра или над 15 проценти повеќе споредено со истиот период лани.
Ова, инаку, е највисоко ниво остварени приходи до сега во Албанија, со што се потврдува дека туризмот станува клучен сектор во растот на економијата.
Во исто време албанскиот Институт за статистика излезе со податок дека во третото тромесечие од годинава во стопанството евидетирани се 18.600 нови вработувања при тоа поголемиот процент од нив се тесно поврзани со туризмот.
Освен придонесот во растот на економијата и вработеноста, бројките на Централна банка потврдуваат дека приходите од туризмот биле главен извор кој го компензира високиот трговски дефицит во стопанството, дефицитот меѓу вредноста на увозот и извозот/МИА