[РЕЦЕПТ] Посни полнети пиперки со грав и маслинки

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Состојки:
8 суви црвени пиперки или бабури
300 г грав од конзерва (може и стар грав, кој претходно сте го свариле)
3 мали глави кромид
3 чешниња лук
150 г црни маслинки
1 морков
сол и бибер по вкус
масло

Подготовка:
Однапред натопете ги сушените пиперки во топла вода за околу 10-15 минути. Додека омекнуваат во водата, се сечат кромидот, лукот и морковот и ги запржувате во маслото. Откако зеленчукот ќе подомекне може да додадете исцеден грав.
Добро промешајте и додадете ги исечените маслинки и зачините. По неколку минути отстранете од топлина и наполнете ги пиперките. Наредете ги во глинени тави (или друга соодветна тава за печење). Додајте малку вода и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.