Анџелина Џоли и Бред Пит сфатиле дека треба да се разделат пред цели 2 години по грандиозен скандал. Причината бил успехот на Бред наградите “Оскар” во 2014 година, каде што филмот со негово учество “12 години ропство” обра неколку награди, додека Енџи си заминала уште еднаш со празни раце.
“Таа се однесуваше ужасно таа ноќ, обидувајќи се да го украде вниманието од него со апсурдно разголената нога. Не го остави да се наслади на успехот ни секунда. Двајцата имаа грандиозен скандал истата вечер и одлучија дека е најдобро да се разделат “, откри близок до ѕвездите пред RadarOnline.
А сепак другиот ден актерите дале нова шанса на сè уште свежиот тогаш брак и во името на шесте деца. На крајот тоа не успеало и според изворот во последните две години тие очајно се обидувале да работат врз нешто што одамна било “скршено”. Во моментов двајцата се во тежок развод и се расправаат жестоко за старателството на децата.