Кина ќе гради туристички комплекс на Еверест

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Кина ја објави својата намера да ја започне изградбата на нов туристички комплекс на Еверест. Целта е до 2019 година во областа Комолангма да бидат трајно распоредени хелиодроми, хотели, музеј на алпинизмот, продавници, ресторани, сервиси и рент-а-кар услуги.

Изградбата на мини одморалиштето, коe ќе чини 14,5 милиони долари на кинеската каса, е предвидено да започне по неколку месеци и да биде целосно пуштен во употреба само една година подоцна.

Надежта е новиот бизнис да помогне за развојот на тибетската економија и туризмот и да создаде нови работни места за локалните жители.

Со изградбата на објектите, Пекинг ќе го олесни и пристапот до врвот во Тибет, кој во моментов е потешкотија.