
ВМРО-ДПМНЕ добиле 91 глас, СДСМ 87, за ДУИ 53, за БЕСА 65, за Алијансата на Aлбанците 25, за ДПА 64 и Третиот блок по еден.
Бидејќи ова може да влијае на конечниот распоред на мандатите во оваа изборна единица, по одлуката на Управен суд која е конечна, ДИК треба да донесе одлука за прегласување.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека доколку има прегласување, неговата партија нема да учествува на изборите и резултатите нема да ги признае, и нема да ги признае резултатите од прегласувањето ако ѝ се одземе победата.
„До колку и тие (Управниот суд) ги потврдат незаконските одлуки на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да ги признае резултатите од тоа прегласување и нема да учествува во прегласувањето“, изјави на протестот пред ДИК тогаш Груевски.
Но, засега нема никаков коментар од ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Управниот суд.
Управниот суд попладнево ја објави пресудата со која ја уважи тужбата на СДСМ и реши гласањето на избирачкото место 2011 да се поништи.