CNN: Израелскиот амбасадор во САД ги повика властите во Вашингтон да ja преместат амбасадата во Ерусалим

од Vladimir Zorba
76 прегледи
Амбасадорот на Израел во САД Роберт Дармер ги повика властите во Вашингтон да ја преместат амбасадата на земјата во главниот град Ерусалим, соопшти телевизијата CNN.

Тој додаде дека ова би требало да се случи пред многу време.

Контроверзниот избор за нов амбасадор на САД во Израел, направен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, исто така ја поддржа идејата на Дармер.

Дејвид Фридман – идниот амбасадор на Вашингтон во Израел, изјави дека се надева дека ќе ја врши работата од американската амбасада во градот Ерусалим, кој тој го нарече “вечна престолнина на Израел”.