
“Во својство на директор на CFPA ја предложив официјално кандидатурата со писмо до Нобеловиот комитет во кое се истакнува дека претседателот Владимир Путин ја заслужува Нобеловата премија како награда за мировните напори”, коментира политикологот пред РИА “Новости”, а пренесува “Руски дневник “. Босар додаде дека ќе се потпира на поддршка и од други експерти и политичари.
Тој потсети дека своевремено Барак Обама ја доби Нобеловата награда за мир во момент кога американските единици сè уште се наоѓаа во Ирак. На ист начин, смета Босар, воздушните напади против терористите во Сирија не би требало да се пречка за доделувањето на наградата на рускиот претседател поради неговите многубројни мирни иницијативи “.
” Мислам дека претседателот Путин ја заслужува. Тој единствениот кој се бори вистински против тероризмот “, додаде шефот на CFPA.
Локално потсетува дека Нобеловата награда за мир беше доделена на Обама во 2009 година поради “неговите напори да ја зајакне меѓународната дипломатија и соработка меѓу луѓето”, иако во тоа време беше штотуку инаугуран. Потоа таа одлука беше подложена на бројни критики поради воинствената политика на американскиот претседател. Политичарите од различни земји го повикаа Обама да ја врати наградата.