По 2 месеци таење, Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли го открија името на својата втора ќерка.
Тоа се случи само неколку дена откако Рајан Рејнолдс ги претстави за прв пат пред медиумите двете девојчиња.
Тие беа дел од блиските на семејството кои присуствуваа на откривањето на неговата ѕвезда на Булеварот на славата.
Двојката е многу дискретна во врска со својот семеен живот, но “Ѕ Ес викли” соопшти дека тие ја крстиле најмалата ќерка Инес.
За време на настанот, сепак центарот на вниманието беше насочен кон поголемата нејзина сестра Џејмс, кој цврсто беше решила да не се скротува. Таа предизвика особена смеа кај публиката земајќи го микрофонот од татка си и понесувајќи го кон публиката.
Во одделно интервју сепак нејзиниот татко издаде дека тоа “не е нејзиниот прв пат, во кој таа одлучила да грабне нечиј микрофон” и дека тоа започнало да ѝ станува навика.