Огледало-ноктите се новиот хит во маникирот. Познати се меѓу професионалци козметичарки уште наречени хромирани нокти.
Огледалните лакови ги одразуваат многу сликовито околните слики и добиваат сè поголема популарност меѓу дамите.
Можат да се најдат во различни бои , која од која пофасцинантна. По желба може да се мешаат и неколку бои во комбинација. Огледалното омбре исто е хит во маникирот.
За дополнителен сјај може да се додадат и брокати во истите бои. Искусни козметичари го создаваат алтернативниот ефект и ја покриваат плочката цврсто со сребрена прашина, по што нанесуваат дебел слој топ гел лак.
Варијантите се многу. Сите идеи за огледални нокти погледнете ги во галеријата .