(ГАЛЕРИЈА) Куќата на унгарската легенда во Холивуд – За За Габор

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Холивудската легенда со унгарски корени За За Габор почина неодамна на 99 години.

Не е чудно што на пазарот на недвижнини во САД веќе се појави еден од нејзините поранешни домови, имено тој во Палм Спрингс. Куќата на гламурозната ѕвезда е прогласена во продажба за сума од 1 милион долари.

Имотот на Габор е изненадувачки осамен, елегантен и спокоен, со оглед на тоа дека таа сакала гламурозен и надмен начин на живот.

Куќата, која била сопственост на предметната русокоса, е со површина од само 178 квадратни метри, и била изградена во 1958 година.

Таа се крева над ридовите Чахулиа Хилс и има две спални и две купатила, како од терасата и се открива уникатна глетка.

Малиот двор на имотот е убав и има голем, извиен базен. Во поранешната палата на покојната ѕвезда има и мала, семејна куќа за гости.

Видете ги сликите на куќата на кино иконата во галеријата.