Шведски град е најсоодветниот дом за Дедо Мраз

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Северниот шведски град Јокмок е најсоодветното место од стратешка гледна точка за дом на Дедо Мраз. До овој заклучок дошле научниците од Универзитетот во градот Лунд.

Со помош на слики од вселената тие пресметале каде се наоѓа точката од која белобрадиот старец најлесно може да ги разнесе подароците во целиот свет.

“Мило ми е што научниците дошле до овој заклучок. Но, не сум изненаден. Го сретнав Дедо Мраз денеска на улицата “, се пошегува градоначалникот на гратчето Роберт Бернхардсон.

Научниците користеле сателитски снимки за изучување на миграцијата.

Во 1992 година, кога за првпат правел слична анализа, глобалниот центар на населеност се наоѓал на норвешкиот остров Јан Мајен. Ако во блиска иднина се зголеми населението на Азија, тогаш оваа географска точка ќе се помести на исток кон Финска.