Санката на Дедо Мраз веќе е наполнета со подароци, а елените само чекаат знак да полетаат.

И додека гo чекаме доаѓањето на најдобриот старец со бела брада, еве неколку факти од неговата биографија:
1. До XVI в. Санта Клаус (Св. Николај) не бил поврзуван со Дедо Мраз.
2. Холанѓаните се првите кои ги поврзуваат двата лика. Тие го слават празникот на 6 декември и тогаш си ги разменуваат божиќните подароци.
3. Современата идеја за добродушен старец кој лета со санка со ирваси и се спушта над оџаците е насликана од Клемент Кларк Мур во 1823 година
4. Во првите слики белобрадиот старец е облечен во зелено.
5. Црвениот костум на Дедо Мраз се појавува за прв пат во 1931 година благодарение на Кока Кола.
6. Првото училиште за Дедо Мраз во светот е основано од Чарлс Хауард во 1937 година во државата Мичиген.
7. Во 2013 година, премиерот на Гренланд го прогласи Нелсон Мандела за Дедо Мраз на годината.