Пред денешното гласање, пријави за поткуп за да не се гласа во Теарце

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Две лица биле пријавени во полициската станица во Тетово за поткуп во Теарце во пресрет на денешното прегласување.
 
Извори од МВР велат дека околу 18:15 часот во полициска станица Тетово едно лице од Теарце пријавил дека две лица од завчера до времето на пријавување оделе по куќите на граѓаните од село Теарце им нуделе и давале од 100 до 500 евра за еден гласач, им ги земале личните карти со барање да не излегуваат на гласање односно да не го остваруваат нивното избирачко право на утрешното прегласување на гласачко место „2011“.
Инаку сеуште трае изборниот  молк за прегласувањето за предвремените парламентарни избори. Денеска се  гласа на избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ по одлуката на Управниот суд да го поништи гласањето на ова избирачко место.
Државната изборна комисија донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место во оваа општина, врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати. Граѓанската асоцијација Мост и невладината Цивил ќе го набљудуваат изборниот процес. Избирачкото ливче останува исто со сите 11 кандидатски листи. Во Теарце се впишани 714 гласачи од коишто на 11 декември излегоа 404